Обичаен живот во Оровник


Обичајниот живот на Оровник е доста сличен со соседните села Горенци и Требеништа, како и со Струшките полски села. Народната традиција се негува и трае непрекинато. И ново населените полека ги прифаќаат обичаите на оровничка средина, како по носијата, така и по народното живеење.

Селска слава е Илинден на 2 август. Други позначајни слави се славите на двата манастири Св. Петка на 8 август и Св. Недела на 20 јули. Исто така се прославува и славата на Светото Воздвижување на Светиот Крст � Крстовден на 27 септември.

Други позначајни празници се: Божик со традиционално палење на Бадниковото Дрво, Василица, со традиционалното шетање на Василичарите и наредниот ден со прослава на Старата Нова Година, Водици, со фрлање на Светиот крст во Охридското Езеро. На овој ден во селото има повеќе кумови, поделени по партии, кои секоја година приредуваат ручек за оние во нивните партии. На Велигден исто така се прославува според традицијата, а се вадат и крсти и се обиколува селото.

Секоја фамилија си има и своја фамилијарна слава, односно празник на кој доаѓаат многу пријатели и роднини. Најмногу фамилии го слават Св. Никола, а тоа се сл. фамилии: Германовци, Даљчевци, МирчевциСтојановци, Митревци, Рочевци, Стевовци и Тодоровци.

Св. Ѓорѓија го слават: Нељовци, Мијаковци и Шуклевци.

Св. Петка ја слават Мојсовци.

Митровден слават: Јолаковци, Чољопановци и Ќеровци.

Танасовден го слават Бамбаловци и

Пречиста ја слават: Јовановци, Ѓорѓиовци и Шандаковци.

Во Подмолје селска слава е Св. Елена и Константин, според патроните на селската црква.